16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Скопскиот аеродром ќе се вика “Киро Глигоров”!?

Новото име на скопскиот аеродром ќе биде Киро Глигоров, ова е најпосакуваната и најсериозната варијанта која се разгледува во моментов дознава Sky.mk.

Името на екс-претседателот Глигоров кој важеше за многу почитуван човек од целото македонско општество е вистинското решение за ново име на скопскиот аеродром, дознава Sky.mk, имајќи во предвид дека Глигоров беше обединувач на целокупното општество во Македонија.

Скопскиот Аеродром, од Петровец во “Александар Велики” беше премиенуван во не толку далечната 2008 година, кога режимот на Никола Груевски реши да ја антиквизира Македонија,а  со тоа и започна проектот Скопје 2014 со кој се променија имиња на улици, аеродроми, спортски сали, а беа изградени и споменици, реновирани фасади и нови објекти во центарот на Скопје во вредност од над 600 милиони евра, сето тоа додека во Македонија платите беа замрзните, а нацијата тонеше во сиромаштија.

Во бранот бранот преименувања може да биде вметната и арената Филип II, која би можела да се вика Тоше Проески, дознава Sky.mk.

Вчера премиерот Зоран Заев соопшти дека во насока на да покажеме дека сме посветени на решение на проблемот со името ќе бидат променети имињата на скопскиот аеродром и на автопатот Александар Македонски. Заев ново име соопшти само за автопатот – Пријателство.

Спонзорирано: