16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Хан: Средбата помеѓу Заев и Ципрас е добра вест

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, ја поздрави средбата на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос.

На својот профил на „Твитер“, Хан ја оцени средбата како многу добра вест и напиша дека истата покажува храброст, визија и државништво.

„Решавањето на ова прашање, кое трае премногу долго, ќе биде добро за двете земји, за регионот и за Европа“, напиша Хан на „Твитер“.

Во рамки на Светскиот економски форум, предвидено е Хан да оствари средба со Заев.

Спонзорирано: