17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕК: Романија да ги преиспита судските реформи

Романија треба да ги преиспита своите планови за спроведување на судските реформи, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Со ова Романија стана втора земја на ЕУ, по Полска, каде што ЕК побара ревизија на промените во судството.

„ЕК го повикува парламентот на Романија де го преиспита својот план и да почне широки дебати во согласност со препораките на ЕК, за да создаде широк консензус за движење напред“, порача Европската комисија и додаде дека е неопходна независност на романскиот судски систем и способност да се бори ефикасно против корупцијата.