3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јанакиески дал отказ во ВМРО-ДПМНЕ и се вработил во „Пелистерка“

При проверката на личните податоци на денешниот почеток на судскиот процес за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, ексминистер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е обвинет во случајот пред судот кажа дека повеќе не е вработен во партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека сега е со работен ангажман во компанијата „Пелистерка“.

Во предметот, кој според новиот распоред на судии го суди Огнен Ставрев, првообвинет е екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Покрај него, обвинети се уште 6 лица: ексминистерот Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Истрагата за предметот со кодно име „ТНТ“ беше отворена во април 2016 година, а летото 2017 година Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт.

И поранешниот градоначалник наопштина Гази Баба, Тони Трајковски, го коригираше судот дека по заминувањето од градоначалничката функција сега работи во ЕЛЕМ.

На првото рочиште за уривањето на „Космос“ сопственикот Фијат Цаноски најави оштетно побарување. Рочиштето со дополнување на воведниот говор и доказната постапка, со сослушување сведоци е закажано на 9 февруари.

Спонзорирано: