14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бомбашки напад на хуманитарна организација за деца во Авганистан

Најмалку 11 луѓе се повредени во бомбашки напад на хуманитарната организацијаи „Спаси ги децата“ во Авганистан, пренесе Би-би-си. Според информациите, напаѓачи детонирале експлозиви во канцелариите на организацијата во градот Џалалабад, во која во моментот на нападот имало околу 50 вработени.

Како што пренесува Би-би-си, нападот го почнал маж со експлозија на автомобил-бомба пред зградата, како и дека напаѓачите користеле автоматско оружје и РПГ од повисоки катови во зградата.

Никој досега не ја презел одговорноста за нападот.

Џалалабад се наоѓа во близина на границата со Пакистан и многу често е цел на напади на тТалибанските милитанти, но исто така е и упориште на Исламска држава, чии борци се активни таму од 2015 година.