11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вулкан еруптира на Филипините, евакуирани над 60.000 луѓе

По неколкудневни ерупции, утрово најактивниот вулкан на Филипините, Мајон, исфрли лава до 600 метри висина. Лавата направила облак од пепел висок и до пет километри.

Бројот на евакуирани луѓе поради ерупцијата денеска е зголемен на повеќе од 61.000, соопшти Агенцијата за катастрофи на Филипини. Властите забранија приближување до вулканот во зона од осум километри од кратерот, пренесува „Ројтерс“.

Во сила останува вонредната состојба, само еден степен од највисокото ниво пет, по петте епизоди интензивен, но спорадични исфрлувања на лава од кратерот во последните 19 часа.

Поради вулканот, не работат училиштата во 17 градови и општини, а откажани се и околу 50 летови.

Спонзорирано: