17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Најмалку 11 луѓе се повредени во бомбашки напад на хуманитарната организацијаи „Спаси ги децата“ во Авганистан, пренесе Би-би-си. Според информациите, напаѓачи детонирале експлозиви во канцелариите на организацијата во градот Џалалабад, во која во моментот на нападот имало околу 50 вработени. Како што пренесува Би-би-си, нападот го почнал маж со експлозија на автомобил-бомба пред зградата, како и дека напаѓачите користеле автоматско оружје и РПГ од повисоки катови во зградата. Никој досега не ја презел одговорноста за нападот. Џалалабад се наоѓа во близина на границата со Пакистан и многу често е цел на напади на тТалибанските милитанти, но исто така е и упориште на Исламска држава, чии борци се активни таму од 2015 година.

Руските инженерски единици тестираа новa опрема за руските војници – униформа отпорна на вооружени напади.

Вежбата прикажана на видеото се одржала во рускиот регион Владимир, а на неа била прикажана третата генерација  борбени одела. Опремата се состои од костум за заштитување, елек отпорен на куршуми, како и шлем дизајниран да „штити“ од напади со проектили, благодарение на вградените сензори и камери.

Градите и грбот на војниците кои го носат овој костум се заштитени со специјални плочи изработени од челик, силен полиетилен и керамика. Исто така, конструирани се и специјални додатоци за рамениците, лактите и колената.

Снимките покажуваат симулиран напад врз руските војници, на кои се пука дури и од тенкови.

Спонзорирано: