23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Прекршувањето на правата во Македонија ќе остане запаметено во светската правна литература

Два месеца десетина македонски патриоти без никаква основа се наоѓаат во притвор. Видни актери, уметници, режисери, архитекти, доктори и истакнати граѓани се прогласени за терористи без никаков аргумент. Тие се дел од еден монтиран прогон, во кој им се скратени елементарните права во постапката, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека два месеца кон притворените немаше преземено никакво истражно дејствие, секојдневно им се погазуваат правата во истражниот затвор, а повеќе од десет дена ги чекаат решенија за притвор.

„Правосудните органи наместо да се кренат над ситуацијата и да почнат да дејствуваат според закон и Устав, продолжуваат да дејствуваат под страв и ги легитимираат ваквите законски кршења и нечовечко однесување на државните органи со своите општествени дејци.
Прекршувањето на правата во Македонија ќе остане запаметено во светската правна литература како злоупотреба на институциите за партиски цели во 21 век“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека демократскиот свет не може да сфати како еден Дурловски и Јовановски можат да бидат прогласени за терористи и измачувани во притвори.

„Ниту една друга држава не влече по притвор човек кој целиот свој живот го посветил на безбедноста на државата. Во ниту една цивилизирана држава доктори не лежат во притворски ќелии. Ниту една цивилизирана држава не ги затвора своите општествени дејци само затоа што се политички неистомисленици. Политичкиот процес против Дурловски, Јовановски, Илиевски, Чавков, Дамовски, Арнаудов, Василевски, Мукоски и друигте ќе остане срам за Македонија и показател како не треба да функционира правосудството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Државата, според опозицијата, нема да тргне ни чекор напред кон ЕУ и НАТО сè додека не се почитуваат елементарните права на човекот.

Спонзорирано: