3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Десничари го запалија седиштето на антифашистите во Солун

Зградата во која се наоѓа седиштето на антифашистичките активисти во Солун е запалено за време на масовните протести за спорот со името на Македонија, пренесуваат грчките медиуми. Како што се наведува, напад со молотови коктели на зградата извршила група од 60 до 70 припадници на десничарските организации.

Очевидци на инцидентот пренеле дека слушнале скандирање фашистички слогани.

„Изгледаше како да фрлаат некои запаливи материи во зградата, поради што изби пожар“, изјавил неименуван очевидец.

Противпожарни екипи околу три часа го гаснеле огнот во двокатната зграда, која е речиси целосно уништена.

Спонзорирано: