3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Раздвижено во зградата на Владата – еве што се случува

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна 49. седница со повеќе точки на дневниот ред од интерес на граѓаните. На седницата ќе биде разгледана информацијата на најновата состојба и за напредокот на процесот за европска интеграција.

Пред министрите на денешната седница ќе се најде и информацијата за активностите на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам поврзани со целите на планот 3-6-9.

На денешната, 49. седница ќе биде презентирана информацијата за годинешната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2018 година.

Министерството за одбрана на седницата ќе информира за напредокот во процесот на изработка на Стратегиски одбранбен преглед, а Министерството за здравство ќе информира за текот и прогресот на активностите во врска со набавката на медицинска опрема, медицински и немедицински инвентар во повеќе јавни здравствени установи.

Владата на Република Македонија на денешната седница ќе ги разгледа и извештаите за годишното и финансиското работење на повеќе јавни претпријатија и комисии, како и предлог-програмата за работа на Дирекцијата за заштита и спасување за 2018 година.

Спонзорирано: