11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наумоски: Смената на наставници во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски” е законска

Процедурата од добивање согласност од Министерството за образование и наука за распишување оглас до избор на стручни кандидати што се пријавија на огласот, па сè до склучување договори со нив, е според законската регулатива, вели градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, во врска со бојкотот на наставата од второ полугодие од страна на родители на деца од IIа одделение од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ поради промена на неколкумина наставници.

Тој вели дека на сменетите наставници им истекле договорите за работа на определено време и дека на нивно место се поставени нови.

„Во консултација со в.д. директорот информиран сум дека станува збор за избор на квалитетни одделенски наставници, кои навреме беа поставени на местото на неколкумина од ова училиште на кои им истекоа едногодишните договори за работа на определено време. Истовремено, наставата од второ полугодие почна без проблеми во сите други училишта на територијата на општината вклучувајќи ги и оние каде што имаше промена на кадар, односно станува збор за бојкот на родители од едно одделение“, вели Нумовски.

Родителите на учениците од IIа одделение во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров денеска информираа дека нема да ги пуштат децата на училиште поради незадоволството од смената на одделенските наставници.

Спонзорирано: