14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Компанијата „Ауди“ лани заштедила 110 милиони евра благодарение на сугестии од работниците

Германската компанија „Ауди“ минатата година заштедила 110 милиони евра благодарение на сугестиите и советите од работниците во фабриките во Инголштат и Некарсулм.

Веќе 50 години во „Ауди“ постои шема според која работниците може да даваат сугестии на челниците на компанијата, а од 1944 година постои и конкретен систем. Нивните идеи и примена може да сочуваат милиони евра, а некои од нив се директно поврзани со производството, а некои се во врска со инфраструктурата.

Така, во одделението за развој на мотори двајца работници кои биле задолжени за одржување забележале дека вентилацијата во зградата работи и дење и ноќе. Тие предложиле вентилацијата да работи во нормален режим од шест часот наутро до 22 часот, а да се забави кога работниците не се присутни. На тој начин, „Ауди“ ги намалила трошоците за околу 100 илјади евра на годишно ниво.

Од друга страна, двајца работници предложиле со боја да се обележат одредени алати за да се избегне губење време поради нивна погрешна употреба, додека други работници откриле поинаква метода за мерење на големината на вратите со што ја скратиле постапката од 34 на 18 минути, што ѝ заштедило на компанијата 200 работни часа годишно.

Компанијата „Ауди“ заштедила 33 милиони евра во фабриките во Унгарија и Белгија така што спровела повеќе од 10 илјади сугестии на своите вработени во текот на изминатите години.

Компанијата не им ги краде идеите на работниците, туку ги наградува во зависност од тоа колку заштеда ѝ донела идејата.

Спонзорирано: