9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција постави воена база за продолжување на операцијата во Сирија

Вооружените сили на Турција зазеле 11 цели на сириските Курди во провинција Африн и воспоставиле база за продолжување на операцијата „Маслиново гранче“, објавија турските медиуми. Влезот на турската војска во Африн следи еден ден откако Турција почна воздушни напади во тој регион, гаѓајќи ги силите на курдските „Единици за заштита на народот“ кои имаат поддршка од САД.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, порача дека турските сили брзо ќе ја завршат операцијата во Африн нагласувајќи дека Турција е решена да ја исчисти таа област од „Единиците за заштита на народот“, која Анкара ја смета за терористичка група.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим претходно изјави дека Турција има намера да создаде безбедносна зона од 30 километри по должина на границата со Сирија во провинцијата Африн и да ѝ обезбеди контрола на над 10.000 квадратни километри територија на Слободната сириска армија, која ја поддржува Анкара.

Спонзорирано: