19.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка со повредени на патот Градско – Велес

На 19.01.2018 година околу 19,30 часот на регионалниот пат Градско-Велес, на местото викано Скачинска Река – oпштина Градско, се случила сообраќајна незгода во која Н.Н. (27) од Велес, управувајќи патничко моторно возило „Пежо-206“ со велешки регистерски таблици изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и удрил во земјен брег.

Возачот бил пренесен во општата болница во Велес, каде бил задржан за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.