Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Полицијата пронашла крокодил во подрум за време на рација

За време на рација во една куќа во Санкт Петербург руската полиција пронашла крокодил во подрумот.

Неочекуваната ситуација се случила во четвртокот додека детективите барале непријавено оружје во куќа на човек кој учествувал во реконструкција на историски воени битки со униформи и античко оружје.

Кога дошле до подрумот, забележале крокодил кој се одморал во мал базен ископан во бетонскиот подрум.

Сопственикот објаснил дека крокодилот го добил пред многу години.

Спонзорирано: