3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Демократите ми дадоа „убав поклон“ за првиот јубилеј како претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини демократите заради тоа што американската влада е во финансиска блокада.

-Демократите се многу позагрижени за илегалните мигранти отколку што ги загрижува нашата војска или безбедноста на нашата јужна граница – напиша Трамп на „Твитер“.

Тој потенцираше дека „лесно можеле да се договорот, но дека одлучиле да одат на блокада“.

Освен тоа тој на „Твитер“ потенцираше дека денеска е една година откако тој стапи на функцијата претседател на САД, и дека демократите му дале „убав поклон“.

-За оние кои се прашуваат, републиканците имаат само 51 глас во Сенатот, а потребно им е 60. Затоа треба да освоиме повеќе места за републиканците на изборите во 2018 година – напиша Трамп и додаде дека Америка е на прво место./Извор: Мета.мк

Спонзорирано: