24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Ветерот носи се пред себе, голема бура предизвика многу проблеми во Холандија

Силна бура ја погоди Холандија како резултат на која беа откажани сите летови од и до аеродромот „Шипхол“ во Амстердам.

Според достапните информации, брзините на ветерот во земјата достигнуваат 140 километри на час.

„Поради тешките временски услови, целиот воздушен сообраќај е запрен до следното известување“, стои во соопштението од аеродромот, кој е еден од најпрометните во Европа.

Претходно, Националната метеоролошка служба издаде црвен предупредувачки сигнал за голем дел од земјата.