23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Цариниците не можеле да веруваат: Дрогата била сокриена каде што никој не би ја барал! (Видео)

Полициите во Португалија и Шпанија соопштиле дека се запленети 745 килограми кокаин, сокриен во свежи плодови ананас.

Во таа прилика уапсени се деветмина припадници на група која пренесувала дрога од Јужна Америка.

Се наведува дека оваа заплена е дел од истрагата која е започната во април 2017 во двете земји.

Во соопштението е наведено дека, покрај заплената на кокаин и апсењата, полицијата исто така растурила лабораторија за дрога.

– Оваа организирана меѓународна група во повеќе наврати пренесувала големи количини кокаин на европскиот континент, соопштиле португалските истражители.