23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија на патото Штип-Кочани: Во сообраќајка загина едно лице

Велосипедист загинал попладнево во сообраќајка која што се случила на патот Штип-Кочани, во близина на селото Облешево.

Несреќата се случила кога во 59-годишниот велосипедист удрил автобус.

Повредениот бил пренесен во болница во Кочани, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил транспортиран за Скопје, но починал по пат.

Екипа на крим техника и јавен обвинител направиле увид на местото, а по наредба на обвинителот телото ќе биде предадено за обдукција.