20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од утре температури во минус низ цела Македонија

Утре ќе биде суво, насекаде со негативни утрински температури, во текот на денот повремено со умерен јужен ветер.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време, од сабота попладне со врнежи од дожд, на планините снег.

Повеќе врнежи ќе има во недела, на крајот од денот ќе се префрлат кон исток и ќе поминуваат во врнежи од снег понекаде на повисоките места.

Врнежите ќе завршуваат во понеделник наутро, но преку денот ќе биде студено и ветровито.