20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обид за убиство во Македонија

Кривична пријава против двајца 16-годишници од тетовското село Теново и против еден 15-годишник од Тетово поднесе тетовската полиција поради сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.

Како што информираат од МВР, пријавените на 6 ноември 2017 година околу 18.30 часот на улицата Илинденска во Тетово физички нападнале еден 17-годишник. Притоа, едниот 16-годишник му задал удар со нож во пределот на стомакот на оштетениот по што тој бил пренесен во клиничката болница во Тетово. Подоцна, 16-годишникот со својата мајка се пријавил во Полициската станица Тетово, каде што го предал ножот.