24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Непознато лице физички нападнало сопружници од Скопје

Во текот на вчерашниот ден Р.И. (52) во полиција пријавила дека на 16 овој месец околу 15 часот на крстосницата од улица Мелничка со улица Бутелски венец во Скопје таа и нејзиниот сопруг С.И. биле физички нападнати од непознато лице.

Според кажувањето на жената, напаѓачот со возило им го попречил патот, а нејзиниот сопруг С.И. излегол од возилото и побарал лицето да го тргне возилото за да помине. Без да каже ништо, лицето најпрвин со спреј го испрскал С.И. неколку пати во пределот на очите, а потоа почнал да го удира со клоци и тупаници во пределот на телото и главата. Р.И. излегла од возилото со намера да го одбрани својот сопруг, а напаѓачот и неа ја нападнал со тупаници во пределот на главата, а истовремено ја испрскал со спрејот во пределот на лицето.

После тоа, напаѓачот со своето возило побегнал во непознат правец. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.