17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Вашето куче знае како се чувствувате!

Тие се возбудени кога и вие сте, и точно знаат кога да се прилепат до вас на каучот после тежок ден. Новите истражувања покажуваат дека вашето омилено куче ги препознава вашите емоции.

Истражувањето објавено во еден научен магазин вели дека истражувачите мереле колку долго возрасните кучиња ќе поминат гледајќи одредени фотографии на кои луѓето или кучињата се со среќен или лут израз на лицето.

Додека на кучињата им дале да гледаат во фотографиите, во позадина се слушале позитивни или негативни гласови, во вид на лаење или човечки говор на непознат јазик.

Резултатите покажале дека кучињата поминуваат повеќе време гледајќи во фотографиите каде изразот на лицето (на кучето или човекот) одговара со емоциите во гласот. Така, на пример, подолго гледале во сликите со среќни лица кога ќе слушнеле позитивен тон на гласот. Не трошеле многу време гледајќи ги лицата. Овој тест укажува на тоа дека кучињата знаат кој израз на вашето лице се сложува со тонот на вашиот глас, а тоа значи дека ја препознаваат и разликата во емоциите.

Секако, невозможно е да се знае за што кучињата точно размислуваат, бидејќи не можеме да ги прашаме, но со помош на овој експеримент научниците конечно докажале дека кучињата имаат можност за препознавање емоции.

Спонзорирано: