13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Хемичар открива: Еве како се подготвува совршена шолја кафе!

Професорот по хемија Енди Брунинг открива како да подготвиме совршена шолја кафе.

Добра шолја кафе никогаш не би требало да биде горчлива. Горчината на кафето потекнува од хлорогените киселини кои можат да се најдат во темните мешавини.

Во студија објавена во 1997 година, истражувачите откриле дека горчината може да се намали ако во оваа темна течност се додаде малку сол, но не мора до таква постапка доколку се придржувате до следните совети.

Сооднос на вода и кафе

Енди Брунинг предупредува дека прво треба да внимавате на соодносот на кафе и вода при варењето. Премногу вода ќе го разреди вкусот на вистинското кафе, а премалку вода ќе ја нагласи горчината на оваа течност.

Обично се препорачува 60 грама кафе на литар вода, но уште е покорисно да се придржувате до следната мера: на 16 милилитри вода да употребите еден грам кафе, односно седум грама кафе за едно еспресо.

Варење на кафето

Ако го поедноставиме варењето на кафето со едноставни термини, можеме да речеме дека овој напиток поминува низ три фази на извлекување на вкусот.

Прво се извлекуваат овошните киселини, втората фаза содржи земјени „карамелести“ супстанци, а третата ги опфаќа горчливите елементи.

За најдобро кафе треба да се погоди оптимално време измеѓу првата и третата фаза. За еспресо кафе, загреаната вода би требало да биде во контакт со кафето 20 до 30 секунди.

Температура на водата

Температурата на водата исто така влијае на горчината на кафето. Идеалната температура би требала да биде од 91 до 96 Целзиусови степени.

Кафето ќе ви преврие ако температурата е повисока од тоа, додека пониски температури нема да ја извлечат потребната арома од напитокот.

Тип на кафе и мелење

Ниту најдобрите техники на варење нема да ви помогнат ако на располагање имате зрна кафе со лош квалитет. Постојат два одновни типа – Арабика и Робуста.

Првиот тип се смета за пофин и има подобар вкус од Робуста која е преполна со хемиски соединенија (феноли, пироли и сулфур) кои доведуваат до силен и вкус како на гума на кафето.

Совршеното кафе би требало да биде мелено непосредно пред варењето.

Преголемите зрна во мелницата за кафе ќе го оневозможат извлекувањето на сите вкусови од него, а премалите после мелењето ќе дадат премногу горчлив прав. И овде е потребно да се направи рамнотежа.

На крајот, ако сите напори ви пропаднат, на кафето можете да му додадете шеќер и млеко кои ќе ја неутрализираат горчината на омилениот утрински напиток.

Спонзорирано: