3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курц: ЕУ не се фокусира на големите прашања

Канцеларот на Австрија повика кон продлабочување на соработката во безбедноста, надворешната политика и одбраната во Европската Унија.

„Владата на Австрија е проевропска, но смета дека се потребни промени и обновување во Унијата. Имаме потреба од ЕУ, која ќе биде фокусирана повеќе на големите прашања, наместо да се меша во малите, каде нациите и регионите самостојно можат да донесат подобри одлуки“, додаде тој.

Истовремено, Курц откри и какви ќе бидат приоритетите на Австрија, кога таа ќе го преземе ротирачкото претседателство на Советот на ЕУ во јули, по завршувањето на бугарското претседавање. Меѓу приоритетите на Австрија тој ги посочи безбедноста и граничната контрола, дигитализацијата и супсидијарноста.

„ЕУ во последниве години немаше фокус. Во исто време се занимававме со премногу прашања, но не можевме да најдеме заеднички одговор на оној за миграцијата. Потребна е подлабока соработка во безбедноста, надворешната политика и одбраната, како и за економската политика“, порача Курц.

Спонзорирано: