16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Генералниот секретар на НАТО во дводневна посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Македонија. Според најавите, тој ќе се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов, министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска и со лидерите на политичките партии.

Утре Столтенберг ќе им се обрати на пратениците во Собранието и ќе одржи заедничка прес-конференција за медиумите со премиерот Зоран Заев.

Неговото обраќање во Парламентот ќе го слушаат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои веќе речиси еден месец ја бојкотираат работата на законодавниот дом. Одлуката била донесена на завчера, на седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а пораката е да покажат дека стратешката определба на партијата е членството во НАТО и ЕУ.

Од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат дали тоа значи дека опозицијата се враќа да учествува во работата на собранието, велат дека за тоа дополнително ќе информираат.

Ова е прва посета на Столтенберг на Македонија. Пред три години во посета на земјата беше неговиот претходник Андрес Фог Расмунсен.

Спонзорирано: