3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нова рунда преговори за спорот со името во Њујорк, Нимиц тврди дека нема нови предлози

Новата рунда преговори за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се одржи денеска во Њујорк. Предвидено е медијаторот на Обединетите нации, Метју Нимиц, да се сретне со преговарачите од двете земји, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

Нимиц во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ изјави дека нема да има нов предлог и дека на маса ќе извади предлог-идеи за кои веќе се дискутирало во минатото.

Последната рунда разговори за името, по тригодишен застој, се одржа во Брисел на 11 и 12 декември минатата година. Тогаш беше најавено дека медијаторот Нимиц секој месец ќе одржува средби со преговарачите со цел да се најде решение.

Премиерот Зоран Заев во изминатиот период повеќепати рече дека постојат можности да се најде решение за спорот во првата половина на годинава.

Спонзорирано: