3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бугарската опозиција бара гласање за недоверба на владата

Најголемата опозициска, Социјалистичката партија во Бугарија, бара гласање за недоверба на владата на премиерот Бојко Борисов поради недостигот од напредок во борбата против корупцијата во земјата.

„Гласањето за недоверба не е саботажа, тоа е реакција на 83 отсто од бугарските граѓани, кои сметаат дека ова е нивниот главен проблем“, изјави лидерот на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова.

Таа додаде дека борбата против корупцијата е проевропска, а не антиевропска политика, и затоа е подобро да се застане осамен во борбата против корупцијата отколку да се биде дел од статус кво, кое ја брани.

„Ројтерс“ потсетува дека европската Комисија претходно во повеќе наврати ја критикуваше државата за неуспехот да осуди корумпирани поединци.

Спонзорирано: