11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Успешна соработка на царинските служби на Македонија и Холандија

Во просториите на Царинската управа била остварена средба меѓу директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, и амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, на која биле истакнати придобивките од досегашната спроведена билатерална соработка помеѓу царинските служби на Холандија и Македонија, која била оценета како успешна.

Од Царинската управа информираат дека на средбата било изразено заедничко задоволство, а биле констатирани резултатите од десетгодишната соработка во периодот 2003-2012, со што се даде поддршка во унапредувањето на царинските постапки кај увозот за облагородување, економски ефект и акцизни добра, унапредување на работата на царинската лабораторија, како и воспоставувањето систем за адекватна заштита на правата на интелектуална сопственост и соработката со Управата за јавни приходи и други инспекциски органи.

По презентирање на тековните и претстојните приоритетни и стратешки активности на Царинската управа, на состанокот биле разменети предлози за идни заеднички дејствувања во рамките на билатерална соработка и нејзиното проширување во однос на идно учество на Царинската управа на Холандија во идните твининг-проекти на Царинската управа, поголемо учество во МАТРА-програмите за обука и поддршка во процесот на европската интеграција.

Спонзорирано: