25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Снимена најголемата ајкула: Долга повеќе од 7 метри и стара околу 50 години

Островот Гваделуп е дом на многу големи бели морски ајкули, но судејќи по сè, ниту една не е голема како „Дип Блу“, како што ја нарекле нуркачите кои ја снимиле пред неколку години.

Имено, оваа ајкула е долга повеќе од седум метри и по својата големина повеќе потсетува на нилски коњ, отколку на ајкула. Научниците проценуваат дека е стара околу 50 години и дека е најголема забележана на камера.

За нејзината големина најдобро сведочи кафезот со нуркачи кој се наоѓаат покрај неа и кој во споредба делува како кутија со кибрит.

Се претпоставува дека оваа ајкула е бремена и дека тоа е една од причините зошто е толку голема.