24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Мрачен декември во Москва, Сонцето сјаело само 6 минути

Декември 2017 година за Москва бил еден од најмрачните месеци во историјата. Жителите на овој град во овој месец виделе сончева светлина само 6-7 минути, соопштиле руски метеоролози.

„Според опсерваторијата на Московскиот државен универзитет, Москва имала само 6 или 7 минути директна сончева светлина во декември“, рекол директорот на Руската метеоролошка служба, Роман Вилфанд.

Руската новинска агенција „Тас“ навела дека до средината на јануари Сонцето повторно почнало да сјае над Москва подолго отколку во ноември и декември.

Претходниот декемвриски рекорд бил во 2000 година кога Москва имала само три часа директна сончева светлина.

Познато е дека руските зими се многу студени, а температурата оваа недела во некои области се спуштила минус 60 степени Целзиусови.