17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Решете го проблемот со затвор и надуеност – еве како!

Имате проблеми со затвор и надуеност? Овие намирници го решаваат тој проблем!

Суви сливи

Сувите сливи се природен лаксатив и имаат ефект на празнење на цревата. Сувите сливи содржат висок процент на влакна и сорбитол. Овие два елементи придонесуваат за нормализација на дигестивниот тракт.

Овесна каша

Овесната каша содржи влакна и го подобрува варењето. Овие влакна ја омекнуваат столицата.

Јогурт

Неприкосновен стабилизатор на цревната флора и природен пробиотик.

Ленено семе

Неверојатен лаксатив кој го подобрува варењето. Кога користите ленено смее, гледајте да биде мелено за да делува побрзо.