14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пронајдено возилото од кое е убиен Оливер Ивановиќ

Автомобилот марка Опел Астра, со кој избегале убијците на Оливер Ивановиќ, пронајден е на оддалеченост од ококлу еден километар од местото на злочинот, и тоа пред албански куќи на границата со српско население, неофицијално дознава „Блиц“.

Целосно изгорено возилото е оставено речиси три улици подалеку, во улицата Војвода Путник. Овој дел од Косовкса Митровица, кој се наоѓа на патот кон местото Суви Дол подеднакво го користат и Албанци и Срби.

Како што неофицијално дознава Блиц од извори блиски во истрагата, поради состојбата во кој е автомобилот, се уште е неизвесно дали ќе бидат пронајдени отисоци.

На Оливер Ивановиќ напаѓачите пукале од улица, а потоа побегнале со автомобил марка Опел Астра, кој го запалиле.

Напаѓачите пукале од пиштол со пригушувач.