12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе стори сè за членство во ЕУ и НАТО, од Владата гледаме само декларативни заложби

Стратешка определба на Република Македонија е членство на државата во ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во минатото и во иднина ќе стори сè во насока на остварување на овој наш стратешки интерес, рекол претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.

Како што соопштија од партијата, Мицкоски потенцирал дека досега од Владата во таа насока гледаме само деклеративни заложби, без конкретни дела.

Мицкоски го информирал Тимоние и за, како што се вели во соопштението, политичкиот прогон кој се врши врз политичките неистомисленици, како и репресијата на слободната мисла.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  истакна и дека е загрижувачка насоката во која се движи економијата на државата и изрази сомнеж за капацитетот на властите, судејќи по економските параметри во изминатиов период, но и забрзаното задолжување“, соопштија од партијата.

Мицкоски на средбата потенцирал дека ВМРО-ДПМНЕ гледа огромен пријател во Република Франција и ќе се грижи за унапредување на односите во иднина, со цел просперитет на нашите два народи.