21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај закажа седница на Советот за безбедност на Косово

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, за во 18 часот закажа седница на Советот за безбедност.

Седницата е закажана по убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ. Според најавите, Советот ќе ја разгледува општата безбедностна ситуација на Косово. Засега нема повеќе информации за дневниот ред на Советот.

За Србија, убиството на лидерот на косовските Срби е терористички акт и во согласност со тоа и ќе се однесуваме, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност. Тој истакна дека на седницата било договорено да се испрати писмо до органите на ЕУЛЕКС и УМНИК со барање српските органи да учествуваат во истрагата.

Спонзорирано: