3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Сребрени медали за Петар Заборски и Моника Пендаровска и бронза за Анѓела Мојсовска на турнирот во Самобор, Хрватска

Каратистите на Макпетрол имаа уште еден успешен настап на најсилниот европски турнир што викендов се одржа во Самобор, Хрватска, каде што учествуваа 1780 спортисти од 23 држави.

Најдобриот Македонски млад спортист за 2017 г. репрезентативецот Петар Заборски, во категоријата до75 кг, постари јуниори У21, го освои сребрениот медал на силниот меѓународен турнир „Кроација Гранд При“ 2018. Тој до медалот стигна со четири последователни победи и еден пораз на судиско изјаснување при резултат во регуларниот дел од натпреварот 0-0.

Македонската репрезентативка Моника Пендаровска исто така освои сребрен медал во категоријата до 55 кг, постари јуниорки У21, додека нашата репрезентативка Анѓела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата до 68 кг, постари јуниорки У21.

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски ни изјави: „Ова беше многу силен натпревар и претставуваше последна контрола пред европското првенство што треба да се одржи во првата недела на месец Фебруари во Сочи, Русија. На турнирот се натпреваруваа државни репрезентации и каратисти од 23 европски држави кои дојдоа во Самобор со цел контрола на подготвеноста пред европското првенство. Нашите најдобри млади каратист Петар Заборски, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска на овој турнир покажаа добра подготвеност и голема зрелост. Тие имаа по пет борби и при тоа ги согледавме елементите што треба да ги корегираме со цел да бидат, исто така успешни на претстојното европско првенство. Поради сето тоа, јас сум многу задоволен од нивниот настап. Сега останува во следниве 20-тина дена, да ја подигнеме формата кај сите наши спортисти и да ги испратиме максимално подготвени на европското првенсто во Русија“ – заврши Заборски.

Спонзорирано: