19.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец се обидел да украде бакарни цевки

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ш. (19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во обид. Според информациите, на 5.3.2017 година околу 13 часот пријавениот дошол на улицата Марк Твен пред приватниот имот на фирмата „Далмах фриго“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ја прескокнал оградата и се упатил кон машините со намера да го извади бакарот од нив.

По ова, со употреба на физичка сила почнал да ги витка, кине и вади бакарните делови (цевки) од повеќе машини во вредност од 523.000 денари, но бил забележан од видеонадзорот и спречен од страна на обезбедувањето.