9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во затвор почина озогласениот злосторник и осуден убиец на три лица

Поранешниот водач на расистичката организација Кју Клукс Клан од САД, Едгар Реј Килен, починал во затвор на 92-годишна возраст, информираше затворската служба во Мисисипи. Се верува дека починал од природна смрт, но точната причина ќе биде објавена по обдукцијата.

Килен бил осуден за убиство на тројца активисти за човекови права.

Убиството се случило на 21 јуни 1964 година, кога тројца активисти од Њујорк, меѓу кои двајца Евреи и еден Афроамериканец, пристигнале во Мисисипи за да му помогнат на црното население да гласа на избори. Автомобилот со нивните тела бил пронајден во мочуриште.

Настаните во врска со убиствата на тројцата активисти беа опишани во филмот „Мисисипи во пламен“ од 1988 година. Килен за злосторствата беше осуден дури во 2005 година, 41 година по убиствата.

Според транскриптите и документите од ФБИ, тој играл клучна улога во планирањето на убиството на активистите.

Спонзорирано: