10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тревога на Хаваи: „Доаѓаат ракети, ова не е вежба“

На Хаваи неколку моменти владеела вистинска збрка откако луѓето ширум островите добиле порака со предупредување за ракетен напад.

Набрзо откако стигнала пораката, прогласена е лажна тревога.

Во пораката која пристигнувала пишувало дека ракета се движи кон Хаваи, а жителите се предупредени веднаш да бараат засолниште.

„Ова не е вежба“, се наведува.

Властите потоа потврдиле дека нема закана.

„Предупредувањето е објавено по грешка. Нема закана за Хаваи“, соопшти полицијата.

Не е познато по чија грешка дошло до забуната.

Спонзорирано: