20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Судскиот систем е скршен и нефункционален

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го обвини американскиот судски систем дека е скршен и нефункционален кога суд во Сан Франциско повторно издаде привремена забрана за одлуката на Трамп да се почитува законот за депортирање млади мигранти.
„Спротивната страна, во случаи како што се мигрантите, секогаш оди пред Деветтиот апелациски суд и речиси секогаш добива поволна одлука, која потоа ќе биде поништена пред повисоките судови“, напиша Трамп на „Твитер“.
Претходниот претседател Барак Обама издаде извршна наредба да се запре депортирањето мигранти кои во САД дошле како малолетници. Се проценува дека 800.000 лица може да се соочат со депортирање доколку Трамп успее во тоа да ја укине наредбата на Обама.