4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров и Коѕијас очекуваат од Нимиц иницијална рамка за името

Министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Солун одржаа средба во рамките на воспоставениот дијалог и консултации меѓу двете земји насочени кон зајакнување на транспарентноста и меѓусебната доверба. Како што соопшти МНР, на средбата министрите имале добар разговор фокусиран на унапредувањето на билатералните односи и соработката во поширок контекст, поврзано со тековните мерки за градење доверба.
„Министрите изразија заедничко очекување дека на претстојниот состанок на 17 јануари личниот претставник на генералниот секретар на ООН, Метју Нимиц, ќе стави на маса инцијална рамка, со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата за името. Димитров и Коѕијас разговараа за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликата за името и се сложија да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на таа разлика“, се вели во соопштението. Тие исто така размениле мислења поврзани со мерките за градење доверба и други подготовки за следните средби на високо политичко ниво меѓу двете земји.