20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тажна вест: Почина познатиот македонски доктор

На 10.01.2018 почина Прим. Др. Димитар Димитров, доајен на македонската гинекологија и акушерство. Роден во Струмица 1927 година, студиите по медицина ги завршил во Загреб, а специјализацијата во Скопје.
Тој беше првиот гинеколог во историјата на општина Кочани, еден од основачите на Специјалната болница за гинекологија и акушерство-Чаир сегашна Мајка Тереза, како и еден од пионерите на скринингот на рак на грлото на матката во Македонија.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре 11.01.2018 – четврток од 13 часот во капелата – Бутел, а погребот ќе се изврши од 14 часот.
Спонзорирано: