11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски носач на авиони се судрил со товарен брод во Егејското Море

Руски носач на авиони и товарен брод кој пловел под знамето на Сиера Леоне се судриле во Егејското Море, објавија светските информативни агенции.
Портпаролот на Црноморската флота, Вјачеслав Трухачев, рече дека при судирот немало повредени и дека бродовите продолжиле со своето патување.
Тој додаде дека инцидентот се случил на 30 декември, јужно од Родос.
Според него, одговорноста за несреќата била на товарниот брод кој одеднаш го променил правецот на движење и удрил во рускиот носач на авиони.