20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од утре престануваат да важат мерките против загадувањето

Од утре, четврток (11 јануари), престануваат да важат вонредните мерки против загадувањето, информираат преку соопштение од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Ова го образложуваат со фактот дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух, вчера (9и јануари) среднодневните концентрации на ПМ 10 честистички биле под дефинираниот праг за алармирање (над 200 микрограми на метар кубен барем на две мерни места во Скопје и стабилна временска прогноза).
Од Министерството информираат дека среднодневната концентрација на ПМ 10 честички од 200 микрограми на метар кубен била надмината само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината.