17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Маж со години садел цвеќе за да ја расположи болната сопруга (видео)

Јапонските медиуми деновиве големо внимание ѝ посветуваат на приказната за мажот кој од голема љубов кон својата сопруга повеќе од две години садел цвеќе за да ѝ ја поврати радоста на живеењето.

 

 

Господинот и госпоѓата Куроки од јапонското гратче Шинтоми во брак се шеесет години. Заедно работеле како произведувачи на млечни производи, одгледале две деца и пензионерските денови планирале да ги минат заедно патувајќи низ Јапонија.

Сопругата, меѓутоа, по триесет годни брак во 52-та година од животот за многу кусо време ослепела како последица на дијабетес, се повлекла од животот на фарма изолирајќи се од пријателите и семејството и престанала да излегува од домот.

Размислувајќи како да ги привлече пријателите и членовите на семејството што почесто да ја посетуваат, нејзиниот сопруг го забележал цвеќето шибазакура. Овој вид мов брзо се шири, има интензивни бои и во цутот прекрасно мириса. Поради тоа дворот од нивната куќа одлучил да го претвори во своевиден цветен тепих. За тоа му биле потребни две години и неколку илјади цветови шибазакура.

Нивниот дом сега секоја пролет е прекриено со розов цветен тепих со опоен мирис, а госпоѓата Куроки по долгата изолација ужива во својот дом.

Но покрај тоа што успеал да измами насмевка на лицето од сопругата и да ѝ ја врати радоста на животот, господинот Куроки со својот труд постигнал и нивното гратче да привлече илјадници туристи, кои дознавајќи за оваа љубовна приказна редовно ја посетуваат нивната куќа особено во периодот меѓу март и април.