8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пациент излета од возило на Брза помош и почина

Пациент излетал од возило на Брза помош и починал, објавија српските медиуми. Несреќата се случила синоќа околу 21 часот на магистралниот пат Врање-Лесковац. До трагедијата дошло кога возилото на Брза помош тргнало да претекнува камион, но во тој момент му наишол автомобил од спротивниот правец.

Со намера да го избегне автомобилот кој му доаѓал во пресрет, возачот на амбулантното возило наводно нагло свртел и удрил во банкината, при што пациентот излетал од возилото на Брзата помош во населбата Џеп кај Владичин Хани починал.