12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Вашингтон ги предупреди косовските власти да не го укинуваат специјалниот суд

Официјален Вашингтон ги предупреди косовските власти дека ќе биде инициран планот Б за формирање специјален суд под закрила на Обединетите нации ако косовското собрание ја усвои иницијативата за укинување на законот за овој суд, пренесува приштинскиот дневник „Коха диторе“.

Весникот пишува дека американскиот амбасадор Стивен Бенкс вчера му ја пренел ваквата порака на премиерот Рамуш Харадинај.

Бенкс рекол дека Вашингтон нема да се противи на иницијативата на Москва во Советот за безбедност да се формира специјален суд за злосторствата на Косово. Амбасадорот му рекол на Харадинај дека руската иницијатива ќе биде заснована на Резолуцијата 1244 и дека УНМИК (привремена цивилна управа на Косово под раководство на ОН) ќе биде врховна извршна власт на Косово.

Спонзорирано: