21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демократскиот сојуз предлага загадувачите да се откриваат со дрон

Демократскиот сојуз предлага со користење дрон да се откриваат загадувачите на воздух во Скопје и другите градови.

„Повеќе од очигледно е дека малиот број еколошки инспектори не може да се справат со загадувачите на воздухот, особено тие што користат искористено моторно масло или масло за јадење, пластика, гуми, стиропори и други недозволени средства за затоплување или што се користат во процесот на производство, сугерираме Министерството за животна средина и просторно планирање да набави дронови и да започне со откривање на загадувачите на воздухот и трујачите на граѓаните“, велат од партијата.

Од таму предлагаат засилен и постојан мониторнинг над депонијата „Дрисла“ за да се спречи загадување при горење медицински отпад или можно депонирање друг опасен отпад.

ДС исто така ја поддржува идејата на Град Скопје за отворање телефонски број (193) на кој граѓаните може да се јават и да пријават загадувачи на воздухот, но од партијата сугерираат да се разработи апликација каде што граѓаните може да праќаат и СМС и вибер-пораки, фотографии, видеа или имејл со информации за загадувачите.