25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Во базен пронашле алигатор тежок 140 килограми

Едно семејство на Флорида се шокирало кога во домашниот базен пронашле 2.7 метри долг и 140 килограми тежок алигатор.

Големиот рептил до базенот допшол од 70 метри оддалеченото езеро.

Еден од луѓето од куќата го пронашол алигаторот кога се вратил од работа. Вели дека слушнал бука од базенот и отишол да провери за што станува збор, но едвај го забележал животното бидејќи било на дното од базенот.

На крај, алигаторот го отстранил службеник од Комисијата  за риболови и диви животни.

Инаку, ваквите сцени и не се ретки во Флорида.

Спонзорирано: