20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со прогноза за следните денови – еве што ќе се случува во првите неколку дена од 2018

Во одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има услови за појава на претпладневна магла. Преку денот ќе има умерено наоблачување и ќе биде релативно топло, особено на повисоките места.

Под влијание на два слабо изразени влажни брана, во вторник изутрина и во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен и од среда ќе услови заладување. Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд и снег ќе има во четврток.

Спонзорирано: